Писмо во шише по 28 години стигнало од Канада до БиХ

Писмо од шише, кое е пратено пред 28 години од Канада, стигна на устието на Неретва во Јадранското Море, пренесоа босанските медиуми.Шишето го нашле сурфери кои уживаат на погодните ветови на устето на реката Неретва. Тие го чистеле брегот и ја нашле љубовната порака стара 28 години, пишува „Dubrovački vjesnik“.„Меѓу отпадот кој го прекри песочното устие, Мартина, млада членка на Ките клубот, пронашла напукнато шише и случајно го забележала писмото.„Го собрав шишето заедно со другите и дури тогаш сфатив дека во него има писмо. Ја одмотав натопената хартија на која пишуваше: Мери, ти си една прекрасна личност, се надевам дека ќе останеме во контакт. Реков дека ќе ти пишам. Засекогаш твој пријател Џонатон `85“, вели Мартина.
МакфаксПисмо од шише, кое е пратено пред 28 години од Канада, стигна на устието на Неретва во Јадранското Море, пренесоа боса

Пронајдете не на следниве мрежи: