Писмо до сопругата. Од љубовницата…

Не знаеше за мене, нели? Понекогаш радарот на женската интуиција знае да изневери, да ги занемари сигналите, особено ако си слепо вљубена и не гледаш подалеку од носот.

Јас исто така долго време не знаев дека постоиш. Во почетокот, додека ловат, женетите мажи ја кријат бурмата – ќе ја покажат подоцна, кога ќе биде премногу доцна…

Дали сум поубава од тебе? Не знам. Јас сум обична жена. Знам дека ти мислиш дека сум поубава, помлада, послаба, поинтересна, попаметна, ме замислуваш како фатална убавица со долги нокти, магичен поглед и сатенска долна облека – пеколно секси. Всушност, имам неколку излишни килограми, целулит, гаден ПМС, јадам цела чоколада кога сум под стрес, плачам на тажни филмови, а пред да седнам да го напишам овој текст, лупев компири во кујна. Дури не сум ни плавуша.

Зошто тогаш те изневерил со мене? Не знам.

Можеби откако потонал во удобната семејна рутина со тебе, ловецот во него се разбудил. Имал потреба да улови нешто. За да се почувствува повторно како вистински маж, и да го нахрани гладното его со еден пар вљубени женски очи. Ти одамна не си интересна, ти не си недостижен плен, ти си одамна освоена територија. Ти си публиката која одамна не дава гласни аплаузи, бидејќи на памет го знаеш неговиот репертоар од вицеви. Ти си опитомена жена. Јас сум адреналинот, забрзаниот пулс, дива кобила, брзиот секс за време на пауза за ручек, перверзен СМС. Ја сум симболот на неговата лична слобода и правото на сексуално разнообразие.

Добро, признавам, понекогаш уживав во тоа што имам власт над него – тоа што можев да го натерам да се откаже од она што го ветил пред олтарот, да се откаже од тебе, да ми се посвети мене. Не дека се гордеам, но би лажела ако кажам дека тоа не ми го гали егото. Ти немаш врска со тоа, за мене ти немаш персонално значење. Секоја друга можеше да биде на твоето место. И секој друг – на неговото. Чувството дека целосно го контрлирам ме опијанува.

Знам, потресена си, не можеш да поверуваш, твоите чувства се изиграни…Си верувала на дадениот збор во црква. Си слушала дека мажите изневеруваат, но си била уверена дека твојот нема – тој не е таков човек. Ќе ти кажам едно – нема моногамни луѓе. Има само многу вљубени – тие не изневеруваат.Фактот дека не те сакал доволно, фактот дека ме избрал мене – треба да ти ги отвори очите. А твоите се заслепени од омраза – мислиш дека јас го украдов, но вистината е дека тој сам побегна од тебе.

Не се обидувам да ти станам пријателка – и двете знаеме, дека тоа ќе биде лицемерен начин взаимно да се контролираме. Сакав само да ти ја кажам вистината – мојата вистина. Да ја слушнеш лично од мене. Ти ме демнеш, ме сонуваш, нервозно ме намирисуваш во воздухот, за да ги откриеш моите траги. Ме мразиш од дното на душата повеќе мене од него, јас сум твојот кошмар, но не и причината. Јас пак вечно се кријам и внимавам никогаш да не му ѕвонам кога е дома. Јас сум жената во сенка, жената без име, неговата доза самодоверба и твојот кошмар. Сопругата и љубовницата, вечните ривали, Ева и Лилит, земјата и небото, законот и гревот – војуваме со векови, нели? Нашата војна е споменик на неговото машко его, твоите стравови, а јас негово пристаниште.

Затоа немој да ме мразиш. Немаш претстава колку лесно можеме да си ги смениме местата, само ако јас посакам…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.