Писмо од мама – забавен начин на воспитување!

Драго дете,
Ако ја читаш оваа белешка, значи веќе немаш интернет. Не се обидувај да ѕвониш на добавувачот или да истражуваш во прилагодувањата на пребарувачот. Она што треба да направиш е следново:
1. Оди во аптеката на аголот и купи ги лековите на дедо ти – рецептите се во салонот, на шкафчето под огледалото. Потоа оди до супермаркетот и земи две кутии млеко, исечен леб и пакет чај. Од зеленчук купи 2 кг компири, половина килограм кромид и една зелка. Чувај ги сите фискални белешки.
2. Не го носам со себе мобилниот телефон, па јави се на татко ти на работа и кажи му дека фотографиите нема да бидат готови за денес. Кажи му, исто така, дека го молам на враќање да ја земе облеката од хемиско чистење. На работната површина во горниот десен агол има една икона со телефонска слушалка – вклучи ја оваа програма пред да се јавиш на татко ти и запиши го одговорот  во датотека со наставката * .wav.
3. Напиши ја домашната по математика – страница 116, 118 и 121 од учебникот. Имај на ум дека на третата задача треба да состави равенка, а не да се обидуваш да препишеш одговорот  (освен тоа е погрешен). На останатите задачи не се дадени одговорите.
4. Среди ја твојата соба. Стави ги играчките на нивните места, изброј ги деловите на конструкторот во пластичната кутија, исто и дисковите со компјутерските  игри. Потоа отвори го прелистувачот и во адресната лента по http: // воведи ги добиените броеви одделени со точки.
Ќе се отвори страната за управување на сметките на домашната  мрежа. За да добиеш пристап во режим на уредување, воведи ги во прозорчето за “лозинка” одговорите на втората, третата и првата задача од учебникот. Во левата колона ќе ја видиш нашата IP address – Внеси внимателно во соседното прозорче (каде што е наведено: начин на плаќање – со кредитна картичка) двете последни цифри од секоја фискална сметка: за зеленчукот, за чајот, за млекото + лебот, и за лековите . Останатиот простор пополни го со нули и потоа кликни “OK”.
5. Сега повторно имаш интернет. Ако случајно се јави некој гневен чичко, кој тврди дека е систем администратор, и почне да те потсмева, пушти му записи со одговорот на татко ти.
6. Се надевам дека се ќе биде како што треба. А јас кога ќе си дојдам вечерва, ќе ти раскажам за една мала хакерка која растура по серверите на Мајкрософт.
Те бакнувам!
мама

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.