Продолжувањето на пристапниот процес за Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза дека ќе ги спроведе, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро.
-Ги повикуваме сите политички сили заедно да го направат овој значаен чекор напред – додаде Писонеро.
Таа потсети дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен минатата недела беше во посета на земјите од Западниот Балкан, вклучително и Скопје, при што јасно ја нагласила целта земјата да ги започне преговорите по Кластерот „Основни вредности“ што е можно поскоро. Во врска со можното „повторно спојување“ на Северна Македонија и Албанија на европскиот пат, Писонеро потенцира дека проширувањето е индивидуален процес заснован на заслуги и зависи од објективниот напредок на секоја од земјите партнери на ЕУ.
Пронајдете не на следниве мрежи: