Питон сакал да им го проголта синот, родителите се бореле со змијата!

Родителите во австралиски град се разбудиле од криковите на 14-годишниот син кого го нападна питон.
Влегувајќи во неговата соба, виделе змија долга три метри, која се свиткала околу раката на момчето и ги зарила забите во неговата рака.
-Сакаше да му ја изеде раката, рекла мајката на момчето, Ема Џексон.
Питоните не се отровни, туку ја дават својата жртва и потоа ја проголтуваат. Тие може да пораснат до 8,5 метри.


„Ние се боревме со него, но колку повеќе се обидувавме, толку неговите заби навлегуваа сè подлабоко и подлабоко“, додала мајката.
Конечно, таа ја зграпчила касичката во облик на птица со чуден клун и ја пикнала во устата на змијата, додека таткото ја повлекол главата на питонот и ја ослободил раката на момчето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.