“Пица бидермаер”: Овој свадбен букет е хит во светот

Сезоната на венчавки започна, што значи дека паровите од целиот свет се во последната фаза од подготовките од, како што многумина велат, најромантичниот ден во животот.
Еден од трендовите кои ги воодушеви младенците ширум светот се т.н. “пица бидермаери”.
“Пица букетите” се најновиот тренд помеѓу младенците ширум светот, а креаторот на овие необични букети за свадба е компанијата “Villa Italian Kitchen”.
Како што кажува самото име, секој бидермаер како и украс за ревер се направени од пица цветови кои рачно ги изработува њујоршкиот стилист за храна Џеси Берден.

Секој цвет на бидермаерот е направен од свежо тесто, моцарела, калифорниски домат и пеперони.
“Многу сме возбудени што пред сезоната на венчавки го претставивме првиот пица букет на светот, како и украс за ревер. Овие вкусни цветни акцесоари се совршени за парови кои сакаат пица и сакаат да ја зачинат својата венчавка со овој симпатичен дизајн”, вели Мими Вундерлих, директор за комуникација и дигитален маркетинг на “Villa Italian Kitchen”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.