Состојки
500 гр. Кори за пита
120 мл. Зејтин
150 мл. Кисела Вода
1 пекетче Прашак за печиво
200 гр. Шунка
200 гр. Кашкавал
1 кесичка Саламурени печурки
2 лажички Оригано
300 мл. Кечап
1. Во сад се рендаат шунка и кашкавал и се додаваат печурки.
2. Во друг сад ја ставам киселата вода и прашакот за печиво и убаво промешувам да се соедини.
3. Прво го премачкувам убаво тавчето со зејтин и редам кора од страната да висат и на средина од тавчето редам два реда кори. После корите ги попрскувам со зејтин и со киселата вода, па повторно ставам кора, ја попрскувам и ставам кечап, фил и оригано и два реда кора измеѓу попрскани со зејтин и кисела вода. Се така додека не се потрошат корите.
4. На крај ставам два реда кора и со првата кора што виси од тавчето го затворам убаво бурекот. Преубав бурек за појадок
На здравје и добар апетит.