Пиштоли и муниција пронајдени при претрес во Рашче

Денеска (24.10.2025) полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во координација со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по претходна судска наредба извршија претрес во домот и други простории како и товарно возило “мерцедес” сопственост на Б.Х.(51) од с.Рашче,скопско при што биле пронајдени и одземени: 7 пиштоли, 14 рамки и 318 куршуми различен калибар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: