Омилен италијански десерт, неговото име буквално значи „развесели ме“ или „подигни ме“, совршен е за секоја пригода и сè уште не сме сретнале некој што би можел да му каже „не“. Веќе знаете дека може да се сервира во чаша, а овој пат ви претставуваме – нешто помеѓу!
Тирамису кафе, гламурозен начин да се почастите себеси или вашите гости со нешто рафинирано и необично. Подготовката е повеќе од лесна, само треба да го следите рецептот.
Од состојките, ви треба еспресо или турско кафе, какао во прав, млеко, шеќер, екстракт од ванила, маскарпоне, слатка павлака за шлаг, шеќер во прав и секако – колачиња.
Направете една шолја еспресо кафе (или малку појак турски кафе) за секоја порција, односно за шолјата што планирате да ја послужите. Додадете малку какао.
Загрејте го млекото, префрлете го во друга шолја, додадете го шеќерот и екстрактот од ванила (половина лажичка) и со помош на рачна жица матете додека не добиете пена. Прелијте ја пената врз кафето.
Направете го кремот од маскарпоне така што во посебен сад ќе го мешате со павлака (во сооднос 1/1) и шеќер во прав (една лажичка за секоја шолја). Можете да го направите ова и со жица за матење.
Додадете ја смесата врз кафето и пената, а потоа наросете малку какао во прав одозгора, исто како што би посипале торта. По желба, декорирајте со колаче. Кафето Тирамису, одличен топол напиток за овие студени денови!
The post Пијалок со вкус на омилен италијански десерт: Дали сте пробале кафе со тирамису? appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



