Пијана медицинска сестра 11. километри возела по автопат ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ!

Една медицинска сестра возела, под дејство на алкохол, во погрешна насока повеќе од 11. километри, избегнувајќи ги возилата што и доаѓале во пресрет, пред да направи полукружно свртување и да се врати на соодветната лента.
Ема Маршал Дејвис на полицијата и признала дека пиела вино пред да седне зад воланот на својот Фолксваген Поло, а потоа преку автопатот М4 се упатила до нејзината куќа, недалеку од Кардиф во Велс, Велика Британија.
Медицинска сестра вработена во болница за ментално здравје се изјаснила за виновна, бидејќи алкохолниот тест покажа дека има двојно повеќе алкохол во нејзината крв од дозволеното. Таа била осудена на 12. месеци општествено-корисна работа и парична казна од 920 фунти (1.016 евра).
За среќа, нејзиното невнимателно возење не предизвикало никакви последици за другите учесници во сообраќајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.