Пијан возач се забил во неговиот автомибил! Со музичарите тргнал на аеродром, има и други повредени (ВИДЕО)

Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ загина во страотна сообраќајка во Германија.
Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, Шаулиќ со автомобил тргнал на аеродром кога се случила сообраќајната несреќа. Автомобилот го возел возач, а не пејачот, а со него бил и неговиот кум кој исто така е повреден.

Покрај Шаулиќ во автомобилот биле и музичарите Мирсад Кериќ и Бобан Стојадиновиќ. Според последните информациии Кериќ е во тешка состојба, а Стојадиновиќ има три скршени ребра, низ плач известил менаџерот Сабит Дервишевиќ.
Според известувањата на германските медиуми, пијан возач на “Мазда“ се забил во неговиот автомобил. Исто така, според неофицијални информациии возачот на другиот автомобил немал возачка дозвола. Иако лекарите дале се од себе за да го спасат кралот на народната музика, не успеале.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.