Пијан охриѓанец возел електричен тротинет, паднал и завршил со тешки повреди

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, Ј.Т.(29) од Охрид, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата Ј.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани  во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Додека, при преземање мерки и вршење увид било констатирано дека Ј.Т. го управувал електричниот тротинет под дејство на алкохол, односно било констатирано присуство на 2,12 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соосветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: