Европското движење во Северна Македонија денеска го организира традиционалниот планинарски марш на Водно по повод Европскиот ден на знамето во рамки на чествувањето на Денот на Европа.
Тргнувањето е во канцеларијата на Делегацијата на Европската унија во Скопје каде се одвива и симболичната размена на македонското и европското знаме. На планинарскиот марш се очекува да се приклучат планинари, активисти на Европското движење, студенти и граѓани.
Искачувањето на Водно е симболичен чин на соработка меѓу Делегацијата на Европската Унија и Европското движење во Република Северна Македонија што ја отсликува заедничката определба за напредок, остварување заеднички цели и градење пријателства.
The post Планинарски марш на Водно по повод Денот на европското знаме appeared first on Provereno.



