Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, имаше средба со премиерката на Тајланд, Пенгтогтан Шинаватра, за да се разговара за можноста одржувањето трка по патеките на Бангкок. Шинаватра истакна дека Владата планира да спроведе студија за изводливост за да го испита потенцијалот на ваков настан кој би можел да се одржи во главниот град почнувајќи од 2028 година, пренесе Би-Би-Си. Таа верува дека настанот би донел корист за сите жители на Тајланд преку големи инвестиции во инфраструктурата, отворање на нови работни места, генерирање на дополнителни приходи, како и вонос на нови технологии и иновации. Доменикали го оцени планот како „импресивен“.
На северозапад од земјата, во Бурирам, се наоѓа патека што е акредитирана од страна на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), на која се одржуваат трки од Мото ГП шампионатот. Оваа година, шампионатот во Формула 1 предвидува 24 трки, вклучувајќи и четири трки во азиско-пацифичкиот регион. Сезоната започна минатата недела со трката во Мелбурн.
The post Планирана улична трка на Формула 1 во Бангкок appeared first on 365.mk.