сабота, 28 ноември 2026
Најново

Пласидо Доминго доаѓа во Скопје и почнува со активностите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пласидо Доминго вчера пристигна во Скопје, означувајќи го почетокот на едно од најзначајните музички настани во Македонија. Без пауза, знаменитиот маестро при своето доаѓање од аеродром, веднаш се упати кон Националната опера и балет. Таму, заедно со оркестарот на НОБ, ја одржаа првата проба. Оваа проба, исполнета со голем ентузијазам, заврши успешно. Во инспиративната атмосфера, маестро Доминго го наметна своето беспрекорно уметничко изразување и посветеност, додека оркестарот, мотивиран од неговото присуство, возврати со извонредна прецизност и емоција. Таа вечер создадоа амбиент кој најавува неверојатно впечатлив концерт што ќе остави печат во македонската музичка историја. Настапот не е само обичен концерт – тоа е важен културен миг за Македонија. На 14 март, гласот што одекнувал во најпрестижните светски театри ќе одзвучи на сцената на арената „Борис Трајковски“. Енергијата што ја донесе неговото присуство веќе се шири меѓу музичарите и обожавателите на операта. Македонија го пречекува Доминго со голем восхит и легендарниот уметник започнува да го пишува својот следен музички пат. Се гледаме утре во арената „Борис Трајковски“.

Поврзани вести