Платата од 600 евра на чекор до гласање во Собранието

Минималната плата од 600 евра денеска е пред собраниска расправа, откако Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата е ставен на дневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.

Со предложените измени се предвидува минималната плата во Република Македонија да биде утврдена на 600 евра. Предлогот влегува во прво читање, што е прва фаза од законодавната постапка.

Овластен предлагач е претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, а како предлагачи се потпишани и повеќе пратеници.

Истиот текст на предлог-законот ќе биде разгледан и од Законодавно-правната комисија, по што, доколку добие поддршка, ќе следува понатамошна процедура и можност за гласање на пленарна седница.

Расправа за минималната плата од 600 евра доаѓа во период на зголемени трошоци за живот и барања за подобрување на стандардот на работниците, а исходот од денешната седница ќе покаже дали предлогот ќе продолжи кон финално усвојување.

Доколку предлогот ја помине комисиската фаза, следен чекор е второ читање и гласање во Собранието, каде што ќе се одлучи дали 600 евра ќе стане новата законска минимална плата.
The post Платата од 600 евра на чекор до гласање во Собранието appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: