Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат за 10%, информираше денеска министерот Мисајловски

Сакам да информирам за една преубава вест, еден историски чекор. На последната владина седница помина буџетот за 2027 година. Тоа значи дека моментаолно влага во Собрание и она што сaкам да го пренесам сите, правиме историски чекор, рече Мисајловски.

Платите на вработените во Армијата и одбраната ќе пораснат за 10%, истакна Мисајловски.

-Платаите во Армијата и одбраната се зголемуваат за 10 проценти. Тоа значи историско најголемо зголемување во апсолутна вредност. Тоа значи се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опватени во платата, изјави Мминистерот Мисајловски.

мисајловски посочи дека преку социјален дијалог и во соработка со синдикатите беше постигнат овој исчекор.

-Ветив многу пати дека ќе работам заедно со синдикатите, заедно со Армијата, оваа институција да биде најдобрата во државата, а со овој чекор по примањата навистина стануваме една од најдобрите институции во државата. Честитки до сите вработени, бидејќи тоа го заслужуваат, го заслужува Армијата, ние сме НАТО Армија и преку социјален дијалог ова го оствариме, потенцираше Мисајловски.

Мисајловски изрази благодарност до премиерот Мицкоски и министерката за Финансии Гордана Димитриевска Кочовска за поддршката, бидејќи како што рече со новиот Буџет опфаќаме се што е потребно за следната година но и зголемување во тоатал вредност на буџетот.

Следуваат многу проекти, се надевам дека многу брзо од сега сите пратеници ќе ни ја дадат поддршката. Долго време ова го најавувам, но најважниот чекоер ќе го направите е кога ќе ги имате сите аргументи, а тоа значи, официјално буџетот е поминат.в Вчера имав состанок со сите синдикати, им го најавив сето ова, но и денеска сакаат да бидат дел од овој настан, бидејќи сом социјален дијалог можеме да направиме многу работи, истакна министерот Мисајловски.

Се она што ќе го договараме за подобри услови за сите вработени, тоа ќе се остварува, вели Мисајловски.

Најавив и реформа за 45 години, за секој еден професионален војник. Навистина добар интерес, заеднички оваа мерка ја промовираме како караван во касарните заедно со сите синдикати. Се што она ќе го договараме за подобри услови за сите вработени, тоа ќе се остварува. Чекор по чекор, многу внимателно ги разгледуваме сите состојби, се што е предлог за подобрување на состојбите, јас како министер стојам исправено и горд што заеднички ги правиме. Но, навистина посебна гордост е кога ќе направите чекор да се зголемува платата историски најмногу 10% во апсолутен износ, тоа значи дека тука влегуваат освен основната плата, и она исклучителна компонента која е составена од дополнителни компоненти, сето тоа ќе биде дел од зголемување од 10%, потенцираше Мисајловски.

Пронајдете не на следниве мрежи: