Плачот на бебето во текот на ноќта, виновен за третина од разводите

Бессоните ноќи предизвикани од плачењето на бебето се причина за третина од разводите на сопружниците, покажа новото истражување.Родителите со бебе имаат околу шест часа сон во текот на ноќта, што е еден час помалку од препорачаното.Стручните лица наведуваат дека возрасен човек мора да има барем пет часа непрекинат сон за да може да функционира следниот ден.Истражувањето спроведено меѓу 2.000 родители покажа дека 30 отсто од разводите се случиле поради плачењето на бебето во текот на ноќта.Единаесет отсто признале дека се преправаат оти спијат за нивниот партнер да го смири бебето, додека други 11 отсто велат дека ја затворале вратата за да не го слушнат плачењето на бебето, а девет отсто од истите причини го појачувале тонот на телевизорот, пренесува Daily Mail.Петина од испитаните навеле дека знаеле да заспијат на воланот поради недостиг на сон. Истражувањето го спровела телевизијата Channel 4.Психолозите велат дека недостатокот на сон е поврзан со бројни потешкотии со кои луѓето се среќаваат, а неодамна едно истражување спроведено во САД покажало дека луѓето кои  спијат доволно имаат многу подобри меѓучовечки односи од оние на кои им недостасува сон.
МакфаксБессоните ноќи предизвикани од плачењето на бебето се причина за третина од разводите на сопружниците, покажа новото и

Пронајдете не на следниве мрежи: