Интернетот е дел од модерниот живот долги години и на многу начини го олеснува нашето секојдневно функционирање. Сепак, колку и да сме веќе зачекорени во 2024 година, некои сè уште не го вкусиле шармот на интернетот.Племето Марубо, кое се наоѓа покрај реката Итуи во Амазон, долго време живеело целосно изолирано од светот, но во септември минатата година биле поврзани со Старлинк на Илон Маск, а сега се соочуваат со проблеми, пишува Њујорк Тајмс.Имено, племето со ентузијазам ја прифатило технологијата, воодушевувајќи се како можат да бидат во контакт со своите роднини или да повикаат помош во случај на каснување од змија. Но, постарите забележале како членовите стануваат мрзеливи и дека се помалку комуницираат со другите членови на племето.
The Marubo, an isolated Amazon tribe, connected to high-speed internet in September through Elon Musk’s Starlink. Jack Nicas, our Brazil bureau chief, visited the tribe’s remote villages to see what the internet has changed for them. https://t.co/JXwhPDcR3L pic.twitter.com/7CKCHsY4QX— The New York Times (@nytimes) June 2, 2024
Сега постојано се „дружат“ на WhatsApp и Instagram, а помладите членови постојано гледаат еротски филмови и почнале да покажуваат агресивно однесување. Покрај тоа, некои членови престанаа да разговараат со своите семејства од воведувањето на интернетот и имаше проблеми со ловот, поради што воведоа ограничувања за времето што членовите можат да го поминуваат на интернет.