Пленковиќ во ненајавена посета на Украина

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска допатува во ненајавена посета на Украина, објави ХРТ.Премиерот и хрватската делегација, во која се наоѓаат уште тројца министри од неговата Влада, ќе учествуваат на состанокот на Кримската платформа во Киев, јавува ХРТ.Хрватската влада се уште не објави ништо за посетата.Украинската агенција Укринформ објави дека претседателот на Литванија, Гитанас Науседа и премиерот на Летонија, Евика Силина утринава пристигнале во Киев, исто така, за да учествуваат на состанокот на Кримската платформа.Од денеска во заедничка посета на Киев се и американскиот државен секретар – Ентони Блинкен и шефот на британската дипломатија – Дејвид Лами.

Пронајдете не на следниве мрежи: