Пленковиќ по скандалот со министерот за здравство: На никој не му даваме министерска фотеља за да работи на црно!

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска изјави дека никому не му е дадена доверба, мандат или министерска функција да работи на црно, а тие што го прават тоа мора да сносат одговорност и последици.

Изјавата доаѓа по апсењето на поранешниот министер за здравство Вили Берош.

Тој доби 1 месец притвор. Еден месец притвор доби и бизнисменот Саша Поздер. Двајцата се осомничени за корупција при набавка на болничка опрема.

Во истрагата е вклучен и шефот на загрепската невролошка клиника „КБЦ“ и член на управата на поликлиниката во Загреб, Крешимир Ротим. Ротим признал дека имал инволвираност во договарањето на работата и затоа не доби притвор.

По спроведување на независна истрага, Ускок ги сомничи Берош, Ротим и Поздер за злоупотреба на положбата и овластувањата, тргување со влијание, примање мито, поттикнување незаконски услуги и давање мито, сето тоа како дел од злосторничко здружување и во врска со правни лица поради сомнение за давање и примање поткуп како дел од злосторничко здружување.

Според Ускок, Берош, Ротим и Поздер се здружиле за да продаваат медицински помагала од австриски производител на државни болници.

Вили Берош веднаш по овој скандал беше разрешен од премиерот Андреј Пленковиќ. Тој тврди дека е невин а обвинувањата биле неосновани.

Пронајдете не на следниве мрежи: