ЈСП Скопје упати допис до Редакцијата на Плусинфо, во кој бара јавно извинување и повлекување на текстот со наслов „ГРАЃАНИТЕ ДРЕМАТ СО ЧАСОВИ НА АВТОБУСКИТЕ, АВТОБУСИТЕ ЛЕЖАТ СО МЕСЕЦИ НА ТРУПЦИ ВО ГАРАЖИТЕ Нема гуми, нема сијалици, нема вработени – нема што нема во ЈСП Скопје“ објавен на ден 22.12.22023 година.
- Дали ЕУ има доволно гас за зимата?Европа се приближува кон зимата со резерви на гас на значително… Read more: Дали ЕУ има доволно гас за зимата?
- Селин Дион изненади со музичко финале на модната ревија на познат козметички бренд: Ја воодушеви публиката со своите настапиСелин Дион им приреди на публиката во Париз изненадувачко музичко финале… Read more: Селин Дион изненади со музичко финале на модната ревија на познат козметички бренд: Ја воодушеви публиката со своите настапи
- Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“ и истурил непозната течностОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37) од Бујановац, Република Србија,… Read more: Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“ и истурил непозната течност
- Зеленски: Северна Кореја подготвува дополнителни 10.000 војници за РусијаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека повеќе од 8.000 севернокорејски војници… Read more: Зеленски: Северна Кореја подготвува дополнителни 10.000 војници за Русија
- Токио во Јапонија регистрира рекордни 34 дена дожд по редЦентралниот дел на Токио денес го забележа 34-тиот последователен ден на… Read more: Токио во Јапонија регистрира рекордни 34 дена дожд по ред
Причините за ова барање се образложени во дописот што го објавуваме во целина.
Редакцијата на Плусинфо упатува на фактот дека во оспорениот напис е објавен демант и е застапена втората страна. Ние сметаме дека нема основа за оспорување согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, бидејќи отсуствува клучниот елемент на овие казниви дела – намерата да се омаловажи и нанесе штета.
Овој и сите други написи поврзани со јавниот превоз во Скопје се креирани и објавени на порталот Плусинфо со намера да се заштити јавниот интерес. При тоа, објавени се многу факти кои укажуваат на причините зошто скопјани имаат неквалитетен јавен превоз, кој не ги задоволува во целост нивните потреби. Во таа смисла, репортерот и уредништвото на Плусинфо никогаш не биле водени од намерата да се наклеветат субјектите одговорни за јавниот превоз во главниот град.
Како и да е, поради убеденоста на ЈСП Скопје дека во спорниот напис се пласирани злонамерни наводи, но и поради објективната можност некои информации да се плод на изјави и наводи мотивирани од жестокоста на полемиките покренати во јавноста на оваа тема и при тоа да не е целосно проверена нивната автентичност и точност, Редакцијата на Плусинфо, без да навлегува во било каква расправа со авторот на дописот, го повлекува оспорениот напис и се извинува за евентуалните неточности изнесени во овој напис.
Пронајдете не на следниве мрежи:



