Половичен учинок на македонските интернационалци во натпреварите од деветото коло, во кошаркарската Евролига.
Перо Антиќ со Олимпијакос забележа победа во Истанбул, додека Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче е поразен во Сиена.Олимпијакос како гостин го победи Бешикташ со 79:60, а Антиќ во победата на својот тим партиципираше со два поени и четири скока. Фенербахче загуби во Сиена со 87:69 и ги загуби и теоретските шанси за пласман во четвртфиналето. Мекејлеб во поразот на својот тим имаше учинок од 10 поени, пет скока, една асистенција и два украдени топки. На другите натпревари:Каха Лаборал-Макаби 62:66Барселона-Химки 71:69Реал Мадрид-Бамберг 76:73.
Макфакс
Половичен учинок на македонските интернационалци во натпреварите од деветото коло, во кошаркар