Победете ја настинката со овие две намирници

Со две клучни, едноставни и здрави состојки можете да ја победите настинката за само два дена…
Решението се крие во вашата кујна и време е да го пробате овој едноставен и вкусен рецепт.
Благодетите на медот се добро познати, а циметот се смета за еден од најздравите зачини. Но комбинацијата на овие две состојки е навистина бомбастична, особено кога станува збор за настинка.
Овој напиток го зајакнува имунитетот и помага при замор, хронична кашлица и настинка и ги чисти синусите.


Двете состојки на овој рецепт делуваат антивирусно, антибактериски и анти-ифламаторно, но и моќно против разните облици на габични инфекции.
Потребни состојки:
– 1 голема лажица мед
– 2 лажички цимет во прав
Начин на подготовка:
Во еден децилитар млака вода помешајте мед и цимет, мешајте додека да се стопи медот. Напитокот пијте го два пати дневно, најдобро три дена по ред.
Истото можете да го направите и без вода. Во шоља помешајте мед и цимет, а ако ви е полесно направете си поголема количина за неколку дена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.