ПОБЕДИ ЛИ ВРАНИШКОВСКИ? ПОА на Вранишковски ќе се интегрира во МПЦ-ОА

Православната охридска архиепископија на Јован Вранишковски ќе добие епархии од Македонската православна црква (МПЦ). Ова денеска го истакна владиката Тимотеј, митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

ПОБЕДИ ЛИ ВРАНИШКОВСКИ? ПОА на Вранишковски ќе се интегрира во МПЦ-ОА

-Денес Светиот архирејски синод на МПЦ во полн состав донесе одлука за процесот на интеграција на ПОА во МПЦ. Донесени се неколку одлуки, но не можеме да ги споделиме со јавноста затоа што треба да ги усогласиме со СПЦ. Потоа ќе бидете дополнително информарани, рече Тимотеј за медиумите.

Тој појасни дека се работи околу поделбата на епархиите.

-Комплетната интеграција би се случила за време на соборот на Српската црква, тој почнува мислам дека на 14-ти и 15-ти мај. Ние одамна усогласивме да нема недоразбирања, додаде владиката Тимотеј.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.