Победникот на шестата сезона на „Звездите на Гранд“, Дарко Мартиновиќ, во масакрот во Цетиње загубил четворица членови на семејството.
Пејачот зборувал за Telegraf.rs и потврдил дека во масакрот ги загубил вујко му и тетка си и уште двајца членови на семејството: „Ние бевме во роднинска врска со убиените близнаци а ми ги уби вујко ми и тетка ми“.
„Бев дома, решив првпат да не работам на дочекот туку да бидам со брат ми и семејството и синоќа требаше да излеземе во град. Сепак, добивме страшна вест и веднаш ги повикавме блиските роднини и пријатели да дознаеме нешто, знаете сите се губат во таа ситуација“.
Тој упатил молба сите да бидат солидарни во оваа најголема трагедија: „Тука ништо не е важно, освен страшната загуба на сите тие 12 животи“.
Открил и дали го познава убиецот: „Го познававме по видување, како фин дечко. Не го познавав лично, па верувам дека луѓето кои беа блиски до него знаеја дека веројатно има некој проблем, но не е до мене да зборувам“.
Да потсетиме, Ацо Мартиновиќ уби 12 лица на пет локации во Цетиње, а директорот на Полициската управа Лазар Шќепановиќ открил дека жртвите всушност биле членови на семејството на убиецот, но и негови пријатели и кумови.