Јавното обвинителството поведе истрага против 44-годишен скопјанецот од скопската населба Лисиче, кај кој полицијата пронајде 154 стебла канабис и откри „лабораторија“ за производство на марихуана и хашиш. Обвинителството бара од судот да одреди мерка притвор за скопјанецот.
ЈО информира дека против лицето е поведена истрага поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
- Путин до Шолц: „Украинската криза произлегува од долгогодишната политика на НАТО“
- Што се случува на Чаир? Шкупи не тренира – дали се распаѓа?
- Драма во Америка! Патнички авион погоден со куршум пред полетување! (ФОТО/ВИДЕО)
- Видеото од средбата на кралот Чарлс и Дензел Вашингтон го преплави интернетот: Познатиот актер се нервираше, а нивниот разговор на сите им е чуден (ВИДЕО)
- Ги давел, мачел и силувал, па ги фотографирал нивните мртви тела: Ова е вистината за човекот кој уби повеќе од 130 луѓе (фото)
– Во текот на 2023 година, во куќата каде престојувал на улицата „Анатолиј Зографски“ во населба Лисиче, тој неовластено произведувал наркотична дрога. Така, при претресот извршен на 15 ноември, таму биле пронајдени 154 стебла од растението „канабис“ со поединечна висина која се движи од 65 cm до 130 cm, како и четири шприца со волумен од по 10 ml, од кои три исполнети со темнокафеава смолеста материја – хашиш смола, а еден исполнет со 2 ml смолеста материја – хашиш смола, известуваат од ЈО.
Оттаму, посочуваат дека осомничениот за продажба држел и 12 најлонски кеси со марихуана со вкупна нето маса од 41,6 грама.
– Во подрумските простории од куќата во која престојувал инсталирал опрема за одржување на температура, опрема за вентилација и наводнување, соодветни ламби за вештачка светлина, вештачки ѓубрива и набавил семки од растението канабис. Ги засадил во засебни саксии, ги сместил и одгледувал во веќе опремена просторија во куќата, а од нив произведувал марихуана и хашиш, известуваат од ЈО.
Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.