Речиси две третини од Германците се противат на влезот на Турција во Европската унија, покажува испитувањето на јавното мнение коешто во неделата го објави весникот Bild am Sonntag, на денот која канцеларката Ангела Меркел ја започнува својата дводневна посета на Турција.Според истражувањето што го спровело институтот Emind, 60 отсто од испитаниците изјавиле дека се против тоа Турција да стане членка на Европската унија, 30 проценти се „за’, а преостанатите 10 отсто се воздржани.Дури 57 отсто од испитаниците сметаат дека економскиот раст и военото развивање на Турција се загрижувачки, додека 35 проценти гледаат позитивно на растечкото влијание на Анкара.Германската канцеларка Ангела Меркел во недела ја започнува официјалната посета на Турција која вклучува и обиколка на границата со Сирија каде се стационирани две германски батерии кои ги опслужуваат германските противракетни системи Patriot, заедно со холандски и на САД, откако Турција како членка на НАТО тоа го побара заради заштита од евентуални проектили истрелани од сириска територија, како што се случи во неколку инциденти претходно.На вториот ден од посетата, Меркел ќе се сретне со турскиот претседател Абдулах Ѓул и премиерот Реџеп Таип Ердоган.Германската канцеларка во видео пораката објавена во саботата навечер на интернет страницата на владата, рече дека е наклонета на отворање ново поглавје од пристапните преговори меѓу ЕУ и Турција.Меркел, којашто е поборник на ткн „привилигирано партнерство“ за Турција наместо полноправно членство во Европската унија, истакна дека сепак резултатот од преговорите меѓу Анкара и Брисел треба да остане отворен и остана скептична во поглед на тоа дало Турција треба да се приклучи на ЕУ.
МакфаксРечиси две третини од Германците се противат на влезот на Турција во Европската унија, покажува испитувањето на