„Повеќе зелено“: СДСМ во акција за пошумување со 10.000 садници

„Повеќе зелено“ е новата акција за пошумување на СДСМ со над 10.000 дрвја, во чии рамки партиски функционери и претставници денеска засадија дрва во Богданци, Делчевско, Кумановско, Ресенско…

-Заедничката еколошка акција на младите социјалдемократи и СДСМ е придонес кон големата акција за пошумување којашто веќе ја спроведуваат надлежните министерства и надлежни институции. Пошумувањето е значајна и општетсвено одговорна активност која го зголемува зеленилото, влијае на создавање здрава и животна средина и поттикнува еколошка свест – рече Марко Михаиловски, претседател на сдсмовската младина.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пак, истакна дека ресорот со којшто раководи има надлежности во оваа борба за зачувување на шумскиот фонд.

-Така, во оваа прилика сакам да оддадам признание на полициските службеници коишто извршуваат полициски дејствија во насока на сузбивање на кривични дела во врска со пустошењето на шуми, нелегална сеча и трговија со дрва, но и постапување за заштита од шумски пожари, заштита на животната средина. Зелената транзиција и зачувување на природното богатство се едни од нашите врвни приоритети – рече Спасовски.

Пронајдете не на следниве мрежи: