Повеќе од илјада мигранти се удавија во Средоземно Море

Повеќе од 1.000 луѓе се удавија во првите шест месеци од годината во Средоземно Море, на пат од Либија кон Европа, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Само во последните неколку денови се удавија 204 лица.
– Алармантно е зголемен бројот на загинати на море во близина на брегот на Либија. Криумчарите го користат очајничкото инсистирање на мигрантите што побрзо да заминат, пред Европа да ги примени построгите мерки за тие што го преминуваат Медитеранот, истакна шефот на либиската мисија ан ИОМ, Отмар Белбеиси.

 

Додека портпаролот на ИОМ, Леонард Дојл наведе дека порастот на бројот на мигранти можеби се должи на подобрување на временските услови и завршување на муслиманскиот месец Рамазан. Тој додаде и дека мигрантите брзаат што побрзо да пристигнат, пред Европска унија да ги примени построгите мерки.
– Криумчарите секогаш ќе го стават профитот пред безбедноста, посочи Дојл.
И покрај зголемувањето на смртните случаии во последните денови, нивниот број сепак е двојно помал во споредба со првите шест месеци од 2017 година.
Патот преку Сахара, а потоа преку Средоземно Море и понатаму е најопасна мигрантска рута во светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.