Повеќе од половина свештеници во Холандија поврзани со злоставување

Повеќе од половината кардинали и бискупи кои служеле во Холандија во периодот од 1945 до 2010 година се поврзани со случаи на злоставување, објави холандскиот весник НРЦ.
Весникот наведува дека 20 од 39 бискупи и кардинали се поврзани со случаи на злоставување. Четворица бискупи учествувале во злоставување, додека 16 високо позиционирани свештеници помогнале за преместување колеги кои се обвинети за злоставување, на нови локации.


Наводите на весникот се базирани на извештај на Католичката црква од 2011 година за злоставување со сведочење на жртви за истражна комисија и истражување на самиот весник.
Минатата недела Шпигел објавид ека католички свештеници извршиле 3.677 случаи на сексуално злоставување во периодот од 1994 до 2014 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.