Повеќе од сигурно е дека тука ќе може да се летува наскоро

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.765.966. Од нив 314.319 починале, а оздравеле 1.842.690 луѓе.
– САД и понатаму се на прво место во светот по бројот на заразени лица со новиот коронавирус. Досега потврдени се 1.512.267 заразени лица, од кои 339.805 оздравеле, а починале 90.206 луѓе.
– Во Велика Британија во изминатите 24 часа починале 170 луѓе од полседици од Ковид-19, со што вкупната бројка изнесува 34.636. Додека евидентирани се 3.124 новозаразени, со што вкупно инфицирани се 243.303 луѓе.
– Во Италија во изминатото деноноќие регистриран е најмал број на новозаразени и починати лица од Ковид-19 од првата декада од март. Во земјата вкупно заболени се 224.760 луѓе, од кои 31.763 починале, а оздравеле 122.810 лица.

Повеќе од сигурно е дека тука ќе може да се летува наскоро
– Во Шпанија првпат од избивање на епидемијата со новиот коронавирус и воведување на вонредната состојба пред два месеца, во еден ден починаа помалку од сто луѓе. Досега евидентирани се 277.719 инфицирани лица, од кои 27.650 починале.
– Во Србија во изминатото деноноќие регистрирани се два нови смртни случаи, со што вкупниот број се искачи на 230 луѓе. Исто така евидентирани се 114 новозаразени лица, со што вкупниот број изнесува 10.619, од кои излекувани се 4.713 луѓе.
– Институтот за јавно здравство на Косово соопшти дека се регистрирани 23 новозаразени и 22 новоизлекувани лица од Ковид-19, при што не е забележан нов смртен случај. Според овие податоци, во Косово досега се евидентирани вкупно 978 заразени, а од нив 713 се излекувани и 29 починале, што значи дека во земјата моментно се активни 236 носители на новиот коронавирус. Последниот смртен случај на заболен од Ковид-19 е забележан на 12 мај.
– Во Хрватска во изминатите 24 часа потврдени се два нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заболени се искачи на 2.226 луѓе. Додека од последици од новиот коронавирус починаа 95 лица, а оздравеле 1.963 луѓе.
– Драч е жариште на новиот коронавирус откако сите 13 новодијагностицирани пациенти се од овој град. Во Албанија досега со Ковид-19 се инфицирале 946 луѓе, од кои 31 починале, а оздравеле 715.
– Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, а почина уште едно лице. Вкупниот број заразени лица во земјата е 2.834, а починаа 163 лица.
– Од анализирани 2.248 примероци, во изминатите 24 часа, на Кипар се регистрирани само два нови случаи на Ковид-19. Вкупниот број заразени, се зголеми на 916.
– Во Бугарија во изминатото деноноќие евидентирани се 36 новозаразени лица со Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 2.211, од кои 108 починаа, а оздравеле 698 луѓе.
– Во Словенија, каде во четвртокот е прогласен крај на епидемијата, во изминатите 24 часа едно лице почина од последици од Ковид-19, а евидентиран е еден новозаразен. Вкупно во Словенија со новиот коронавирус се инфицирале 1.466 лица, од кои 104 починале.
– Во Белорусија денеска се регистрирани 969 новозаразени лица со Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 29.650 луѓе. Од почетокот на епидемијата починаче 165 лица, а оздравеле 9.932 луѓе.
– Во Австрија првпат од избивањето на епидемијата во изминатите 24 часа не е евидентиран смртен случај, но втор ден по ред расте бројот на заразени лица со Ковид-19. Во земјата евдентирани се 16.154 инфицирани лица, од кои 14.563 излекувани, а починале 629 луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.