Српското обвинителство неделава соопшти дека ќе почнат сослушувањата на граѓаните кои пријавиле тегоби по протестот на 15 март во Белград, кога се претпоставува дека од страна на полицијата е употребен звучен топ.
Како што изјавија за „Инсајдер“ од обвинителството што ја води истрагата, досега се идентификувани над стотина граѓани со претставки и тие ќе бидат повикани да дадат изјави. Обвинителството планира да земе изјави од повеќе од стотина граѓани, но тоа не мора да значи дека тоа е конечна бројка. Паралелно се води истрага за да се утврди дали имало и други граѓани со поплаки и да се утврди нивниот идентитет“, пишува медиумот.
При оддавањето почит на жртвите кои загинаа при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, граѓаните собрани на улицата Крал Милан слушнале непријатен звук кој ги вознемирил.
Набрзо се појавија тврдења дека бил употребен „звучен топ“, а овие тврдења постојано беа демантирани од владините претставници.
Во меѓувреме, на покана на властите во Србија пристигна и руската ФСБ, со задача да утврди што се случило на 15 март.