Повеќе од 1300 мртви од КОРОНА ВИРУСОТ во само еден ден во САД

Повеќе од 1300 мртви од КОРОНА ВИРУСОТ во само еден ден во САД

Загрижувачки бројки доаѓаат од другата страна од Атлантикот. Кризата се заострува во САД и тоа сериозно. САД пријавија нови над 32000 случаи на заразени и дури 1320 починати од КОРОНА ВИРУСОТ вчера.

Петок – 3 април ќе се памети како најцрн датум досега за САД, но и Светот, со најголем број на жртви. Дента се регистрирани нови 82.000 случаи на коронавирус ширум светот, но и нови речиси 6.000 смртни случаи.

Следниот графикон покажува дека вирусот далеку најбргу се шири во САД, во споредба со останатите 10 најпогодени држави.

Околу 90 проценти или над 290 милиони луѓе, од американците веќе се наоѓаат во некаква форма на карантин.

Бројот на смртни случаи на коронавирус низ државата Њујорк исто е драматичен и се зголеми за 562 за само 24 часа, со што вкупниот број на жртви достигна 2.935, а бројот на заразени ја надмина бројката од 100.000.

Стапката на смртност во Њујорк се искачи на ново високо од 562 за еден ден: Куомо открива дека 23 лица умираат секој час во текот на последните 24 часа – со што вкупната бројка е 2.935 и 102.863 инфекции – што е повеќе од бројот на загинатите во Њујорк за време на единаестосептемвриските напади.

Прочитајте уште и:

И тоа има, овие луѓе ги нарекоа КОРОНАВИРУС КРИМИНАЛЦИ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.