Повеќе од 240 луѓе низ Европа се потврдени како инфицирани со вирусот Западен Нил оваа година. Според неделниот извештај објавен во петок од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (EЦДЦ), вкупно 241 случај се регистрирани од почетокот на сезоната на пренос до среда.
ЕЦДЦ соопшти дека 139 случаи се пријавени во Италија и 61 во Грција. Други инфекции се пријавени во Шпанија, 17 од нив, додека Македонија регистрирала 13 случаи. Романија имала шест случаи, Франција четири, додека Германија регистрирала еден случај.
Кон крајот на минатиот месец, Светската здравствена организација (СЗО) повика на зголемена будност откако беа пријавени неколку случаи на треска Западен Нил во јужна Европа. Според СЗО, вирусот Западен Нил обично се пренесува преку комарци и птици. Сепак, заразените комарци можат да каснат и да ги инфицираат луѓето, најчесто помеѓу јули и септември. Повеќето заразени луѓе не се ни свесни дека го имаат вирусот.
Според Институтот Роберт Кох (RKI), германската агенција за контрола и превенција на болести, повеќето заразени луѓе не се ни свесни дека го имаат вирусот. Затоа, истражувачите претпоставуваат дека има голем број непријавени случаи.
Во потешки случаи, болеста може да влијае на нервниот систем и да доведе до состојби како што се енцефалитис и менингитис. Не постои вакцина или лек за вирусот. Лекарите можат да ги третираат само симптомите.
СЗО им советува на патниците да го намалат ризикот од каснувања од комарци со носење соодветна облека и користење средства против комарци.



