Повозрасен човек се задушил од чад од пожар во кумановско Кокошиње

Повозрасно лице, најверојатно се надишало чад од пожар во кумановското село Кокошиње, при што починало, јави попладнево директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

– За жал штотуку пристигна информација за починато возрасно лице во кумановското с. Кокошиње, најверојатно задушено од чад. Неговата сопруга била успешно евакуирана – Ангелов.

Инаку, до 14 часот попладнево на територија на државава имало вкупно 20 пожари, од кои осум се активни, десет се изгаснати и два се ставени под контрола.

Пронајдете не на следниве мрежи: