Повозрасна Германка пронајдена почината во Скопје

– Вчера во 12.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината З.Б.(73) од Сојузна Република Германија, со престој во Скопје, информираат од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: