Вчера, во 18.55 часот, во СВР Скопје било известено дека на улицата „Народни херои“ во Скопје се случила сообраќајна незгода. Во неа биле вклучени патнички автомобил „сеат“ со скопски регистарски таблици, управуван од Т.П. (34) од Скопје, и мопед со скопски регистрациски ознаки, управуван од И.Д. (22) од Скопје. И.Д. се здобил со сериозни повреди на телото, потврдени во Комплекс клиници „Мајка Тереза“, а неговиот сопатник, М.Ф. (22) од Скопје, претрпел полесни телесни повреди, потврдени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. На местото на несреќата е извршен увид од страна на екипа на СВР Скопје.
The post Повредени Возачот и Сопатникот на Мопедот appeared first on 365.mk.