Повредени пет лица, оштетени пет возила






Ноќеска (19.05.2024), во 02:40 часот, во Полициска станица Гостивар било пријавено дека на улица „Илинденска“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа.

Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале патничко возило „Ауди“ со национална ознака на Република Чешка, управувано од 32-годишниот Г.Н. од Гостивар, и патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.И. од Житоше, прилепско. По судирот, двете возила удриле во три паркирани патнички возила: „Сеат“, „Цитроен“ и „Фолксваген“.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „Голф“, 26-годишниот Р.Ќ. од с. Чајле, гостиварско. Со телесни повреди се здобиле и возачите на „Ауди“ и „Голф“, како и 60-годишниот сопатник во возилото „Голф“, А.И. од Житоше. Сите повредени се пренесени во Општата болница Гостивар каде што им била укажана медицинска помош.
На местото на несреќата, извршен е увид од страна на увидна екипа на ОВР Гостивар, се работи на утврдување на причините за несреќата.
Сподели ја веста:

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: