Поврзани ли се Мицковски и Анѓушев?

Додека во јавност се напаѓаат и навидум делуваат дека се во спротивни табори, се чини дека сепак Мицковски и Анѓушев имаат корења што длабоко ги поврзуваат. Имено по кулоарите а и по порталите кружи муабет дека татко му на Мицковски му бил ментор на Анѓушев. Истовремено се зборува дека татко му на Мицковски е повеќе од близок и со Бранко Црвенковски. Некој вмровци во шега зборуваат дека БЦ им поставил претседател на партија и дека задоволно се смешка додека се раслојува и цепка партијата пред очите на сите. 
Исто така не само што Мицковски сениот му бил ментор на Анѓушев, туку и овој за возврат му бил ментор на јуниор Мицковски.
Ако е тоа така, а по се изгледа е така се поставува прашањето дали нападите и прес конференциите се само забава за народот додека караванот си врви и евентуално во иднина со товарени магариња може да се договорат за промена на улогите со гарантирана амнестија и недопирливост пред законот?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.