Повторно се запали автобус на ЈСП во движење

МВР објави дека денес во раните утрински часови се запалил автобус во движење на Јавен собраќаен превоз – Скопје.

„На 15.11.2025 околу 06:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП во движење, кој бил без патници“

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

Пронајдете не на следниве мрежи: