Повторно силен земјотрес на Закинтос

Земјотресот со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала во раните утрински часови е регистриран во Јонското Море, на 76 километри југозападно од Закинтос. Грчката агенција АНА известува дека на островот имало повеќе силни земјотреси со јачина од околу 4 степени според Рихтеровата скала.
Секојдневните потреси во изминатиов период на Закинтос, се претпоставува дека, се афтершокови по силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени од 26-ти октомври.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.