Познатата актерка Анџелина Џоли не престанува да ја шокира јавноста со својот изглед, но овој пат холивудската актерка ја промени фризурата и тоа за потребите на снимањето на новиот филм „Come Away“ во Лос Анџелес.
За новата улога, Анџелина целосно е трансформирана, наместо долга кафена коса има руса виткана перика која и дава постар изглед.
Освен тоа, за што поверодостојно да го долови изгледот од 1900-тите години, кога и се одигрува филмот, облекла гардероба која наликува на таа од тоа време.