Погледнете во луксузната вила на Оскаровецот, вреди 10 милиони долари и се наоѓа на “Плажата на милијардерите”

Славниот глумец, Леонардо Дикаприо купил куќа на “Плажата на милијардерите” во Малибу после успехот кој го постигнал со филмот “Титаник”. Луксузната резиденција се состои од три посебни згради, а вклучува теретана и канцеларија.
Оскаровецот Леонардо Дикаприо (46) ова лето го посветил на купување и продавање на недвижности. Глумецот во мај купил куќа со четири соби во Лос Фелиз за 7,1 милион долари, а потоа ја стави на продажба вилата во истото место во која наводно живеел член на неговото семејство.
Подоцна Дикаприо купил куќа во Малибу за 13,8 милиони долари, каде веќе има една луксузна резиденција која ја купил во 1998 година после успехот кој го стекнал со филмот “Титаник”. Сега има стара куќа, која ја купил за 1,6 милиони долари, а ја продава за 10 милиони долари.


Станува збор за вила со пристап до океанот изградена во 1950 година која подоцна била обновена. Има површина од 1.715 метри квадратни, а се наоѓа на плажата Карбон во Малибу, која често ја нарекуваат “Плажата на милијардерите”.
Вилата вклучува три посебни згради – главна куќа со четири спални соби, гостинска куќа со две спални соби и поткровје со дополнителна спална соба, теретана и кујна.
Куќата има две тераси кои обезбедуваат доволно простор за одмор и уживање со поглед кон плажата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.