понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Погледнете го контроверзниот гол на Халанд и официјалното објаснување на Премиер лигата зошто е признаен (фото/видео)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Раководството на англиската Премиер лига издаде официјално соопштение откако голот на Ерлинг Халанд во дербито на Манчестер Сити предизвика бурни реакции и жестока дебата меѓу навивачите.

Напаѓачот на Манчестер Сити ја затресе мрежата во 60-тата минута од натпреварот, со што му донесе водство на својот тим. Голот првично беше поништен на теренот поради офсајд, но по проверката на ВАР, таа одлука беше поништена и голот беше примен.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

| GOAL: ERLING HAALAND OPENS THE SCORING FOR MANCHESTER CITY!GOAL STANDS AFTER VAR CHECK!Manchester United 0-1 Manchester City.

TheGoalsZone (@TheGoalsZone), September 13, 2026

Овој исход предизвика негодување кај дел од јавноста кои се убедени дека правилото за офсајд не било правилно применето, поради што Премиер лигата издаде појаснување:

„VAR ја провери одлуката на судијата од теренот и утврди дека Халанд бил во легална позиција и препорача голот да биде примен. Исто така, VAR процени дека Фернандез, иако бил во офсајд позиција, не ја играл топката ниту влијаел на играта.“

Според важечките правила на Премиер лигата, играч во офсајд позиција ќе биде санкциониран ако активно го спречи противникот да игра или ја негира можноста за играње со топката со попречување на видното поле, се вклучи во дуел за топката со противникот или направи очигледен потег што директно влијае на способноста на противникот да реагира.

Во овој случај, судиите во ВАР просторијата проценија дека немало такво влијание.

Инаку, исклучително напнатото дерби на Манчестер беше полно со контроверзии и пред овој момент, со оглед на тоа што Манчестер Сити остана со играч помалку во првото полувреме откако Фил Фоден доби црвен картон, а на крајот Граѓаните славеа со резултат од 1:0.
The post Погледнете го контроверзниот гол на Халанд и официјалното објаснување на Премиер лигата зошто е признаен (фото/видео) appeared first on Во Центар.

Поврзани вести