Погледнете зошто е одлично да бидете жена

Дали некогаш сте посакале да си го смените местото со некој маж? Можеби го посакувате ова кога нивниот живот ви изгледа полесен, кога мислите дека мажите имаат помали очекувања и задоволни се со она што им се случува. Можеби мислите дека не се оптоварени со планирање, предвидување и неизвесност и можат да живеат целосно во сегашниот момент.
Погледнете зошто е одлично да бидете жена
Да бидете жена значи да се справувате со тешки задачи. Жените се мајки, љубовници, сопруги, домаќинки, уметници, со успешна кариера, пријателки, ќерки, и тоа сè одеднаш. Погледнете ги причините зошто е добро да бидете жена.


Подобро бараат и даваат утеха
Жените многу често ги решаваат проблемите со помош на разговор. Без проблем разговараат со пријателките, бараат помош и разбирање, а го даваат тоа кога некој ќе го побара од нив.
Имаат посилен имунитет
Според научниците, високото ниво на естроген им дава на жените сила во борбата против вирусите и бактериите, па тие имаат посилен имунитет. Поради ова жената може да се грижи за болниот маж и болното дете без да се разболи и самата.
Од еволуциона гледна точка, жените многу напреднале
Ако погледнеме наназад кон историјата, жените станале поубави, понежни, пограциозни. Од друга страна, мажите не се промениле многу.
Жените поретко остануваат без работа
Кога ќе изгубат работа, жените многу побрзо наоѓаат друга. Можеби нивната грижа за иднината и неизвесноста им помага да го направат ова.
Поретко се дел од сообраќајни несреќи
Жените поретко се учесници во сообраќајните несреќи и поретко ги предизвикуваат. Како возачи, тие се повнимателни и поодговорни.
Шефицата е подобра од шефот, без разлика колку е строга
Бидејќи жените можат да слушаат и ги разбираат проблемите на нивните вработени, често се подобри шефови. Исто така тие брзо на наоѓаат решение и го спроведуваат ефикасно и најбрзо што можат.


Повеќе зборуваат и се подобри во комуникацијата
Жените зборуваат повеќе, поради што подобро се служат со зборовите и се подобри во комуникацијата. Во партнерските односи тие често иницираат разговор и настојуваат да покажат трпение и разбирање. Секогаш го одбираат вистинскиот момент за разговор и успеваат да ги избегнат расправиите и мирно да дојдат до решение.
Подобро и побрзо се прилагодуваат на промените
Никој не сака промени, особено не оние наметнатите. Но жените се способни да се прилагодат на промените што не ги барале, да се соочат со реалноста и да направат што можат за да се снајдат. Јасно им е дека на овој начин ќе си го олеснат целиот процес. Од друга страна на мажите им е потешко да прифатат кога немаат контрола над ситуацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.