Погледнете како денес се рушеше дивоградбата кај Мавровка

Дел од дивоградбата кај ТЦ Мавровска е урнат попладнево по четири часа активно рушење со градежната механизацијата на ЈП за одржување на патишта.
Сопственикот на објектот Мевлудин Алити за време на уривањето, пред медиумите рече дека објектот не е дивоградба и оти има елаборат и платени такси и комуналии над 4,7 милиони денари. Алити вели дека ги избегнувал медиумите во изминатиот период бидејќи сметал дека неговиот приватен бизнис не е предмет на јавен интерес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.