Српската пејачка Јелена Карлеуша, освен своите провокативни фотографии, со фановите на социјалните мрежи сака да споделува некои интимни моменти кои ги минува со своето семејство.
Тука се патувањата, но и празниците, родендените и слободното време.
Дивата денес посебно сакаше да се пофали со ќерките. Освен што на двете им е роденден, Атина слави 10, а Ника 9 години, гордата мама за оваа прилика им ги покажа на фановите нивните посебни фотографии.
Им честиташе роденден на своите ќерки, но наведе и посебна причина зошто е особено горда на нив.Во прашање е нивната прва работа.
Атина и Ника станаа модели, бидејќи првпат носеа брендирана гардероба за реклама.