Во очекување Министерството за земјоделство да преземе мерки за пласман на праските, поради ниската цена за откуп, разочараните и гневни земјоделци од Росоман денес го искажаа својот револт со тоа што со камиони ги фрлаа праските.
Доколку министерот за земјоделие не преземе сериозни мерки за решавање на нивниот проблем, како што рекоа, тие ќе излезат на штрајк.