Во средината на минатиот месец, во југозападната кинеска провинција Гуижоу беше завршена изградбата на структурата на мост кој ќе биде највисок во светот.Имено, последниот дел од железната конструкција, тежок 215 тони, е прецизно поставен на 17-ти јануари. Овој висечки мост се гради над Големиот кањон Хуаџинг, на висина од 625 метри над површината на реката, што е еднакво на висината на две Ајфелови кули.
Ќе биде долг 2.890 метри, а распонот на самиот висечки дел е долг 1.420 метри. Ова ќе биде најголемиот висечки мост во светот изграден во планинска област.Изградбата започна во 2022 година и треба да биде отворена за сообраќај оваа година. Работата ќе чини 280 милиони долари, а се очекува да го ревитализира споменатиот дел од Кина, кој е претежно рурален. Ревитализацијата треба да значи и развој на туризмот, особено во сегментот на екстремните спортови.Дополнително, времето на патување низ кањонот ќе се намали за 70 минути.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.